Клиентите на PayPal – „дигиталната Мастеркард“, како што ја нарекуваат некои експерти, во голем број држави во Европа ќе можат да плаќаат преку Google Pay во продавниците преку смартфоните, кои работат со Android. Досега само сопствениците на кредитни картички од неколку банки успеаја да го користат Google Pay. Ако корисниците на PayPal го депонираат својот профил во Google Pay како начин на плаќање, апликацијата ќе постави дигитална дебитна картичка, која може да се користи за извршување на купувања, соопштија од компанијата.

Благодарение на оваа соработка, значително повеќе корисници отколку досега, ќе можат да го користат Google Pay за бесконтактна исплата со нивниот паметен телефон. Во принцип, услугата може да се користи таму каде што може да се врши безконтактни плаќања со кредитна картичка, на пример во супермаркети, бензински пумпи, трговски објекти, кафулиња и ресторани.

За извршување на процесот на исплата е доволно смартфонот да се задржи за кратко до платежниот терминал, по што благодарение на чип, плаќањето започнува. За таа цел се користи кредит во PayPal, а ако тоа не е доволно, сумата која недостасува се одзема од депонираната банкарска сметка. За купувачот нема дополнителни трошоци.

Во Германија, бесконтактното мобилно плаќање претходно беше можно само со апликации од различни финансиски институции, како што се штедните банки. Google Pay беше пуштена во Германија кон крајот на јуни, откако поддржуваше картички само на Комерцбанк (Commerzbank) и Комдирект (Comdirect), како и на BW Bank и онлајн банките N26 и Boon. Преку соработката, Гугл може да добие пристап до многу нови корисници за својот мобилен систем за плаќање: само во Германија, PayPal има околу 20,5 милиони корисници.