Посебниот бренд на Xiaomi, Redmi наскоро ќе се стане побогат за една паметна фитнес алка. Се работи за првата фитнес нараквица под Redmi брендот, чие официјално претставување ќе се одржи наскоро.

Веќе се појави првата фотографија која ја прикажува оваа фитнес алка, која открива дека се работи за паметен уред со силиконски ремен и рамен екран со правоаголен облик.

Засега не е познато многу за техничките карактеристики на паметната алка, но познато е дека ќе содржи можност за мерење на отчукувањето на срцето, NFC чип, можност за контрола на репродукција на музиката, будилник и можност за прикажување на временската прогноза.