Компанијата OnePlus не беше премногу успешна во спречувањето на протекувањето на гласините и деталите за своите претстојни телефони од OnePlus 8 серијата. Сепак, сите официјални детали за OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro моделите ќе дознаеме на 14. април, кога компанијата ќе ја одржи својата презентација во живо на YouTube.

Според досегашните информации, кинеската компанија најголемиот фокус го насочила кон Pro моделот, кој ќе ја добие опцијата за безжично полнење и IP 68 сертификат за водоотпорност (функции кои биле отсутни од претходните OnePlus премиум уреди).

Новите рендери објавени на Twitter се однесуваат на претстојната OnePlus 8 серија, односно на новите бои.

Новите нијанси се Interstelar Glow (комбинација на виолетова и црвена), Glacial zelena и Onyx црна боја. Засега не е познато дали сите три нови бои ќе бидат во понудата и за OnePlus 8 и за OnePlus 8 Pro.

Во претходните извештаи беше наведено дека OnePlus 8 Pro ќе има 6,78-inčni QHD+ екран со фреквенција со освежување од 120Hz. LODDR5 RAM, четири задни камери, батерија со капацитет 4.510 mAh, дека ќе биде отпорен на вода по IP68 стандардот, како и дека ќе поддржува 30W безжично и 3W реверзибилно безжично полнење.

Помалиот модел OnePlus 8 ќе има 6,55-инчен FHD+ екран со фреквенција на освежување од 90Хz, три задни камери, LPDDR4X RAM, батерија со капацитет 4.300 mAh, но не и безжично полнење и отпорност на вода.