На интернет се појавија нови интересни информации, што наводно ги потврдил експерт од Samsung, кој работел на прототпип за моделот Galaxy S10+.

Како што објави GSM Arena, веќе е јасно дека S10 ќе биде достапен во три големини и дека моделот со 5,8-инчен екран ќе го носи називот Lite.

Најмалиот Galaxy S10+ ќе има чипсет и меморија како и другите модели од линијата. Исклучок ќе биде премиум-верзијата Galaxy S10+, која ќе има 12 GB RAM меморија и 1 TB простор за складирање.

Моделот S10+ со 6,4-инчен екран ќе има три камери на задната страна и две напред, а другите модели ќе имаат една предна камера.

Galaxy S10 со 6,1-инчен екран исто така ќе има три камери на задната страна, а најмалиот S10 ќе има два објектива.

Што се однесува до надворешниот изглед, уредот ќе има стандардна црна верзија, потоа бела (Pearl) и зелена (Sea Green). Можно е некои од моделите да бидат достапни во уште некоја боја, како, на пример, сина или жолта.

Сите три модели на Samsung Galaxy S10 ќе имаат One UI софтвер и стандарден 3,5-милиметарски приклучок за слушалки.