Honor 30 линијата премиум телефони официјално ќе биде претставена на 15. април, според објавата на кинеската компанија на социјалната мрежа Weibo. Амбасадор на брендот е популарниот кинески актер Li Xian, а објавен е и промотивен постер кој не открива премногу детали – задната страна е скриена, а видлива е само сребрено-виолетовата боја.
Honor 30 семејството смартфони вчера го доби својот прв член, а во прашање е Honor 30S кој пристигнува со Kirin 820 5G чипсет. Во прашање е најслабиот модел во линијата, а се очекува дека ќе му се придружат два премиум модела: Honor 30 и Honor 30 Pro. Телефоните ќе имаат Kirin 990 5G чипсет и способен систем на камери.
Honor во следните две недели, пред официјалната објава, би можел да открие поединечни детали за претстојните смартфони.
Поврзани артикли