Кога се во прашање трендовите на дизајнот, на смартфоните ова многу брзо се забележува. Еден од најсвежите примери се Infinity-O дисплеите на Samsung, кои сега ги копираат многу производители. Во период од неколку недели, откако овие екрани беа најавени во текот на Samsung Developer конференцијата, неколку компании веќе ги најави своите варијанти на споменатиот дисплеј. Меѓу нив е и Huawei.

Оваа недела, во текот на стримот во живо на еден настан, компанијата на сцената го прикажа се уште ненајавениот телефон, кој видливо има отвор во левиот горен агол на екранот. Отворот не е мал и јасно се гледа додека се користи смартфонот.

Се сугерира дека прикажаниот телефон всушност е Huawei Nova 4, кој нема да биде дел од премиум линијата на компанијата. Можно е исечокот да биде помал, кога ќе пристигне на посилните модели од понудата на кинеската компанија. Во секој случај, останува да се види дали овој нов тренд ќе биде подобро прифатен од корисниците, отколку што тоа е случај со актуелните (notch) засеци во екранот.

Се очекува дека Huawei Nova 4 ќе биде претставен на 4. декември.