OnePlus е подготвен да ја претстави T серијата телефони на 14. октомври, а се очекува дека компанијата овој пат ќе го претстави само стандардниот OnePlus 8T. Имаше некои гласини за тоа дека би можеле да видиме и Pro варијанта на телефонот, но сега Извршниот директор на компанијата потврди дека OnePlus 8T Pro нема да постои.

Според наводите на Лау, оние кои ги сакаат Pro производите го имаат на располагање
OnePlus 8 Pro. Според неговите зборови, нема место за надградба во Pro варијантата на OnePlus 8T телефонот, па затоа оваа година ќе бие достапен само стандардниот модел

Тој исто така истакна дека компанијата има изненадување за кое вреди да се почека. Се очекува дека OnePlus ќе ги претстави и OnePlus Bullets Wireless 3, OnePlus Buds Z, паметен часовник и друго.

Според претходните наводите на дојавувачите, OnePlus 8T 5G ќе пристигне во Европа во две варијанти: 8GB RAM + 128GB складирање и 12GB RAM + 256GB складирање, по цени од 799 и 899 евра. Смартфонот ќе го карактеризира 6.5-инчен екран со 120Hz освежување, Snapdragon 865 чипсет, 48MP главна камера и 4800mAh батерија со поддршка за 65W брзо полнење.