Samsung досега го објави Android 10 ажурирањето за неколку телефони, a Galaxy Fold мораше да чека нешто подолго за да ја добие најновата верзија на Android. Јужнокорејската компанија сега конечно го објави Android 10 за Galaxy Fold.
Новиот фирмвер ја има верзијата F900FXXU3BTCD, а имплементира и мартовска сигурносна закрпа, заедно со One UI 2.0 кориснички интерфејс.
Ажурирањето моментно се испорачува на 4G моделот на уредот во Франција, но наскоро би требало да биде достапно и на другите пазари. Оние кои се нестрпливи, можат достапноста на ажурирањето да ја проверуваат рачно во Settings менито на своите телефони.