Apple е подготвен следната недела да ја најави следната серија на iPhone модели, но изгледа дека компанијата до крајот на годината има во план објава на уште неколку производи. Извештаите сугерираат дека во ноември ќе се одржи уште еден Apple настан, во текот на кој ќе биде претставен првиот Mac компјутер со Apple Silicon.

Компанијата претходно оваа година ја објави намерата да претстави Mac компјутери со ARM архитектура, отфрлајќи ги CPU решенијата на Intel. Новите чипови ќе го користат прилагодениот дијан на Apple, за да ги задоволат потребите на потрошувачката. Според наводите на Bloomberg, првиот Mac заснован на Apple Silicon/ARM решение ќе пристигне во ноември.

Моментните гласини сугерираат дека првиот Apple Silicon Mac би можел да биде 13-инчниот MacBook Pro или новиот MacBook Air. Првиот Apple Silicon чип ќе биде 12-јадрен процесор, заснован на 5nm процес, а производител ќе биде TSMC.