Во последните неколку недели Samsung претстави многу уреди, а сега се подготвува за нова презентација.

Како што е веќе познато, во изминатиот период беа претставени Galaxy Note 20 Ultra, Note 20, Galaxy Z Fold 2, Galaxy Z Flip 5G, Galaxy Watch 3 и два таблет уреда, а новиот настан ќе биде одржан на 23. септември.

Тоа ќе биде нова виртуелна презентација под името „Galaxy Unpacked for Every Fan“, на која Samsung ќе го претстави смартфонот Galaxy S20 Fan Edition, за кој се зборува веќе некое време.

Според последните извештаи, овој уред ќе има одредени спецификации на стандардниот модел S20, како што се Qualcomm процесорот Snapdragon 865 и екран со фреквенција на освежување од 120 Hz, но резолуцијата ќе биде помала. Исто така, за цената да биде пониска, Samsung некаде и ќе заштеди на новиот модел, кога станува збор за спецификациите.

Познато е и дека смартфонот ќе биде достапен во црвена, темно сина, розева и зелена боја.

Сите детали и цената ќе бидат познати на презентацијата на 23. септември.