Светот е во карантин поради се поголемиот број заболени од коронавирусот, а сателитските снимки покажуваат како тоа влијае на некоја од најпознатите локации на планетата Земја.

Сателитиските снимки, кои дојдоа во јавноста благодарение на компанијата Maxar Technologies, покажуваат дека локациите кои до неодамна беа преплавени од туристи се напуштени, се со цел да се спречи ширњето на вирусот. Можат да се видат локации од Соединетите Американски Држави, како пристаништето Санта Моника на Флорида, кое во нормални услови е отворено 24 часа, потоа популарниот тематски парк Universal Studios во Холивуд, кој денес е без посетители. Тука се и локациите од Индија, Италија и другите делови од светот, па заинтересиранире можат да видат како изгледа Таџ Махал без посетители.

Светот застана за момент, но сигурно е дека туристите ќе освојуваат нови локации кога кризата ќе заврши. Дотогаш ни остануваат снимките од вселената и погледот на светот, кој се повеќе потсетува на филмско сценарио.