Две тинејџерки од Индија, со помош на фотографии од телескопот на Универзитетот на Хаваи, откриле астероид кој оди кон Земјата, соопштил денес индискиот институт за вселенско образование.

Астероидот моментално се наоѓа во близина на Марс и се очекува да мине крај Земјата за околу милиони години, соопштиле од “SPACE India”, приватен институт на кој двете 14-годишни девојки минувале низ обука, пренесува “Reuters”.

“Се радувам што ќе добиеме шанса да го именуваме астероидот”, рекла Ваидехи Векарија, која додала дека сака да стане астронаут кога ќе порасне.

Астероидот, кој моментално се вика “HLV2514”, може да биде официјално “крстен” дури откако НАСА ќе ја потврди орбитата, изјавила портпаролката на “SPACE India”.

Астероидот и кометите претставуваат потенцијална опасност за Земјата, а научниците откриваат илјадници секоја година.

Во 2013-та година астероид потежок од Ајфеловата кула експлодирал над централна Русија, кога повеќе од 1.000 се здобиле со повреди од ударот.

Извор: N1info.com