Денес Венера е ужасно место. Таа е најжешката планета во Сончевиот систем, со атмосферски температури кои се доволно високи за да се топи олово. Нејзиниот воздух е токсична мешавина составена главно од јаглероден диоксид и облаци од сулфурна киселина.

Сепак, научниците сугерираат дека Венера некогаш беше многу поздраво место, со поладна атмосфера и течни океани на нејзината површина. За жал, сето ова се променило пред милијарди години кога Венера доживува драматичен ефект на стаклена градина што го менува нејзиниот пејсаж во пекол, каков што го  знаеме денес.

Според една студија од меѓународен тим на научници поддржан од NASA , можеби главната причина за оваа транзиција е присуството на огромниот океан на Венера. Освен што е екстремно жешко, Венера нема практични промени во температурата меѓу денот и ноќта или сезонските промени во текот на целата година. Ова се должи на неговата исклучително густа атмосфера и бавната ротација на планетата. Во споредба со релативно брзата ротација на Земјата од 23 часа, 56 минути и 4 секунди, едно вртење на Венера трае околу 243 дена.

Исто така треба да се знае дека Венера се врти во спротивна насока од ротација на Земјата и повеќето од другите планети. Поради тоа многу бавно ротира, а густата изолациска атмосфера на планетата допринесува температурите на површината на Венера никогаш да не отстапуваат многу од просечните 462°C.

Едноставно кажано, плимата и осеката кои дејствуваат како сопирачки на ротацијата на планетата, поради триењето што се генерира меѓу приливите-осеката на струите и морското дно, се причина за онашто Венера стана денеска. Научниците откриваат дека океанските плими се доволни за да ја забават Венера за 72 земни деноноќија на секои милион години, во зависност од почетната нејзината брзина на ротација. Токму оваа намалена брзина предизвикува испарување на океаните на Венера, која пак го засилува ефектот на стаклена градина. Всушност, овој катастрофален ефект на плимата и осеката ги уништи поволните услови за живеење на Венера за многу кратко време од геолошка гледна точка.