Amazon привремено ја прекина испораката на сите артикли кои не се лекови или производи со голема побарувачка. Тој прекин ќе трае до 5 април, бидејќи гигантот за е-трговија приоритетно означи производи  кои се однесуваат на борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Привремено даваме приоритет на производите за домаќинства, медицински материјали и други производи со голема побарувачка кои доаѓаат во нашите центри за да можеме побрзо да примаме, повторно да ги доставуваме и испраќаме до клиентите“, изјави портпаролот на Amazon за Independent.

„Разбираме дека ова е промена за нашите продажни партнери и го цениме нивното разбирање бидејќи на тие производи им даваме предност“, додаде портпаролот.

Таа одлука на компанија Amazon доаѓа откако на интернет страницата забележа пораст на набавки од луѓе ширум светот. Предметите на кои клиентите им даваа приоритет и подоцна исчезнаа од залиха, а се однесуваат на средствата за чистење и други потребни предмети поврзани со коронавирусот.

Amazon одлучи производите што веќе се на пат кон нивните магацини да бидат прифатени и испорачани, но во следните три месеци нема да бидат прифатени нови.