Microsoft почна да ги редизајнира иконите на своите производи пред речиси една година, а компанијата постепено објавува подобрен дизајн за Office алатките или алатките вградени во Windows 10.

Сега се појавија фотографии од новите икони,откривајќи го дизајнот што Microsoft ќе го користи за Windows 10X – новиот оперативен систем на компанијатa заснован на Windows 10, но наменет за уредите со два екрана и преклопните модели.

Дизајнот го открива изгледот на апликациите Maps, Alarms и People, кои ќе се користат во Windows 10X верзијата, но постои големи шанси истата идеја да се примени и на стандардниот Windows 10.

Microsoft не објави официјален коментар за овие икони, и покрај фактот што константно се откриваат нови и свежи дизајни, чија примена се очекува на вкупно системско ниво, во рамките на оперативниот систем и пакет апликации на Microsoft.