Станува збор за новата Google реклама во која Кевин е повторно сам дома, но овој пат го има и асистентот Google. 

Меколи Калкин повторно го заигра ликот на Кевин и го оживеа филмот „Сам дома“. Речиси три децении откако е снимен култниот филм, Калкин повторно го глуми Кевин и најдобрите сцени од филмот.

Станува збор за новата Google реклама во која Кевин е повторно сам дома, но овој пат го има и асистентот Google.

https://youtu.be/xKYABI-dGEA

Продуцентите на рекламата се погрижиле сите детали на сценографијата да бидат потполно исти како во филмот, а фановите сметаат дека ниту Калкин не е многу поразличен кога бил 8 годишно дете.

Рекламата на Google во само неколку часа достигна 25 милиони прегледи, а социјалните мрежи “горат” од воодушевувачки коментари. За многумина рекламата разбуди неверојатна носталгија, а некои во коментарите признале дека се расплакале кога го погледнале 30 години постариот Кевин на кој денес му помага Google асистентот да се ослободи од крадците.

Детаљот кој многумина го забележаа е и оној кога на Кевин ќе му се вкочани грбот откако скока на креветот, но и дека 38 годишниот актер користи лосион за после бричење.

Рекламата би можела да биде најдобра за оваа година, судејќи по коментарите на воодушевената екипа на социјалните мрежи.