Изгледа дека компанијата Apple е подготвена да влезе на пазарот на флексибилни/преклопни телефони со нов iPhone модел, кој би можел да биде објавен за помалку од една година, а на пазарот би се појавил за околу година и половина.

Овој извештај пристигнува од интервјуто со Вилијам Лакорс, професор од универзитетот Алфред, како и од информациите кои ги објави компанијата Corning, која Apple ја снабдува со Gorilla Glass стакло за iPhone уредите.

Corning истакнува дека активно развива производ заснован на стакло за флексибилни уреди, за кои компанијата вели дека ќе се најдат на пазарот во текот на следните 12 до 18 месеци. Доколку Corning развива свитливо Gorilla Glass стакло, Apple би можел да ја користи технологијата во некој претстоен iPhone модел, со што се сложува и Лакорс.

Исто така, тој сугерира дека Apple би можел во целост да ги прескокне флексибилните телефони и веднаш да премине на поголемите уреди, како што се таблетите, за да ги избегне проблемите со кои моментно се соочуваат постоечките модели на преклоп. Примената на флексибилните екрани на поголеми уред ќе овозможи тие да бидат подебели, што би го намалило создавањето на набори на деловите каде што се свиткува екранот.

Без оглед на плановите на компанијатам, сигурно е дека Apple ќе им даде сопствен печат на своите флексибилни уреди. Apple претходно имаше некои интересни патенти, кои вклучуваат и концепт на екран кој се свиткува околу теелфонот, така што не очекува интересен период во следната година.