Водечките сајберкриминалци ветуваат дека нема да ги напаѓаат здравствените организации за време на пандемијата КОВИД-19. Две од најголемите групи „DroppelPaymer“ и „Maze“, кои првенствено се занимаваат со напади од типот „рансомвер“, рекоа дека нема данапаѓаат здравствените и медицинските цели за време на кризата со коронавирусот.
Проблемот со оваа изјава е двоен: на прво место, дали може на криминалците да им се верува само со еден збор, и како можат здравствените организации да се спречат од влегување во „вкрстен оган“?
Лоренс Абрамс, експерт за компјутерска безбедност, постави едноставно прашање до операторите на двете најголеми групи за компјутерски криминал: Дали ќе продолжите да ги напаѓате здравствените и медицинските организации за време на пандемијата КОВИД-19? И тој доби брзи и изненадувачки одговори.
Првиот одговор дојде од „DroppelPaymer“, кој рече дека „секогаш се обидуваат да избегнат напади против болници и старечки домови“. Кога ги напаѓаат владините цели и локалните власти, тие „не го допираат бројот за итни случаи 911“, иако понекогаш е можно да се нарушат каналите за комуникација заради неправилни мрежни конфигурации.
Покрај тоа, „DroppelPaymer“ рече дека ако медицинска или здравствена заштита е погодена од грешка, групата ќе обезбеди бесплатен код за декриптирање на шифрираните информации.
„Ако го направиме тоа по грешка, ќе дешифрираме бесплатно“, увери хакерската група.
Поврзани артикли