Претходно оваа недела, Microsoft објави дека Windows 10 има над милијарда месечно активни корисници. Компанијата сега објави видео со кое го прославува ова достигнување, со тизер на новите измени на корисничкиот интерфејс кои пристигнуваат во Start менито.

Видеото не води низ различните верзии на оперативниот систем, од Windows 1.0 до Windows 10, по што се видливи новите икони за апликациите кои ги заменуваат старите во Start менито. Потоа е прикажан новиот изглед на Start менито, со табели кои имаат обединета боја на позадината во темните и светли режими.

Покрај Start менито, видеото ни дава краток увид и во новиот и обединет File Explorer, ажурираните контекст менија и друго.

Со оглед на тоа дека Windows 10 верзијата 2004 е речиси подготвена за објава и дека есенската надградба ќе биде со помал обем, можно е дека новите измени на дизајнот во Windows 10 нема да им бидат достапни на мејнстрим корисниците пред 2021. година. Се очекува дека промените најпрвин ќе ги видиме во рамките на Insider програмата, во текот на оваа година.