Facebook се здоби со компанија која развива технологија за контрола на уредите преку мозочни сигнали, пренесе „Ројтерс“.

Социјалната мрежа го купи базираниот во Њујорк стартап „CTRL-labs“ за 1 милијарда американски долари, според пресметките на „CNBC“.

Според изворите на Bloomberg, трансакцијата изнесувала помеѓу 500 и 1 милијарда американски долари. Потпретседателот на Facebook за AR/VR, Ендру Босворт го објави договорот со публикација на Интернет.

„CTRL-labs“ ќе се приклучат на тимот на Facebook Reality Labs, вели Босворт, без да откриваат финансиски детали за аквизицијата. Facebook има намера да го користи невронскиот интерфејс на CTRL-labs за развојот на лента за рака,
која ќе може да се поврзе со други уреди на интуитивен начин.

„Визијата за оваа работа претставува лента за рака, која ќе им овозможи на луѓето да ги контролираат своите уреди преку природно продолжување на движењата“, вели Босворт.

„Се надеваме дека ќе изградиме ваков вид технологија до тој степен, за да можеме да го претвориме побрзо во потрошувачки производ“, додава тој.

CTRl-labs работат со научници и експерти за машинско учење за да создадат интерфејс што овозможува контрола и манипулација со компјутерите само преку силата на мислата.