Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, изјавил дека руските научници разработиле шест препарати против коронавирусот, како и дека на сето тоа се работело полни 24 часа.

Како што изјавил тој, на состанокот со Координацискиот совет за борбата против коронавирусот, се очекува ефикасноста на тие препарати да биде потврдена во најкратко време.

„Нашата главна цел е да не дозволиме масовно ширење на коронавирусот, односно да спроведеме контрола и тоа истата да биде непрекината. Тоа секако дека не значи само ограничување на летовите или масовните манифестации туку и работа на произведување на вакцина против коронавирусот“ – изјавил Мишустин.

Како што истакнал тој, моментално во Русија се работи на испитување на шест такви препарати.

Научниците ги развиле многу брзо, за само два месеци, користејќи постоечки, но практично и нови биотехнологии“ – навел Мишустин.

„Се надеваме дека нивната безбедност и ефикасност ќе бидат потврдени во најскоро време и дека ќе може да се применуваат во целта на превенција и контрола на епидемијата коронавирус“ – порачал Мишустин.