Apple во септември оваа година планира да го претстави новиот Watch Series 6, кој ќе се заснова на новиот оперативен систем watchOS 7. Иако до официјалното претставување има уште шест месеци, деталите околу новите можности на часовникот и оперативниот систем почнуваат полека да протекуваат во јавност.

Според изворот, Watch Series 6 конечно ќе добие некои функции кои на Android часовниците постојат веќе подолго време. Една од нив е можноста за следење на квалитетот на сонот. Исто така, апликацијата Health врз основа на собраните податоци би можела на корисниците да им подели некој совет како да се подобри квалитетот на сонот. Потоа се споменува и додавањето на можноста за следење на количеството на кислород во крвта и понапреден Infograph Pro, кој ќе содржи и нова функција – брзинометар.

Покрај наведеното, Watch Series 6 би требало да добие и можност за делење на лица, односно теми со другите корисници.  Оваа можност е воочена во рамките на кодот на новиот iOS 14. Делењето на темите ќе се одвива преку Watch апликациите на iOS. Новата серија на паметниот часовник ќе ја добие и функцијата на родителска контрола. Изворот ја споменува и опцијата Schooltime, која на родителите би им овозможила контрола, кои апликации е можно да се користат на часовникот во текот на времето кое е означено како време за училиште.

WatchOS 7 конечно би требало да донесе и поддршка за вистински апликации, кои повеќе не би биле само екстензии на постоечките за iOS.