Администрацијата на САД одлучи до 15. мај да ја продолжи лиценцата која им дозволува на американските компании на  да му доставуваат производи на кинескиот Huawei, кои не се закана за националната безбедност.

Ова се вели во официјалното соопштение на американското Министерство за трговија, објавено во електронската база на федералниот регистар. Кон средината на февруари лиценцата беше продолжена до 1 април.

Во мај минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се воведе вонредна состојба за заштита на информатичката и комуникациската инфраструктура од странски закани.

Министерството за трговија потоа го стави Huawei на црната листа поради закана за националната безбедност.

Сепак, малку подоцна на компанијата и беше издадена привремена лиценца за 90 дена, со која и беше вратено правото да опслужува мрежи и да го обновува софтверот за нејзините мобилни апарати.

Американските власти повеќе пати ја продолжуваа таа лиценца.