Фабриката за автомобили Tesla Motors стана првиот производител во светот кој направи милион возила на струја, а веста за овој успех ја објави на Твитер првиот човек на компанијата Елон Маск.

„Честитки до тимот на Tesla што го направи нашиот милионити автомобил“, твитна Елон Маск.

Јубилејното возило е новиот електричен кросовер – Model Y, а овој производител во моментов во својата понуда има четири модели – два седани (Model S и Model 3) и два кросовери (Model X и Model Y).