Истражувачите од лабораторијата JSK на универзитетот Токио измислија “DRAGON“ дрон направен од неколку мали дронови и може да се трансформира дури и во лет.

Дронот ги менува облиците и тоа во однос на просторот кој го истражува. Името е акроним на Dual-rotor embedded multilink Robot with the Ability of multi-deGree-of-freedom aerial transformatiON односноDRAGON.

Дизајнот е направен врз основа на традиционалните змејови во кои опашката е направена од неколку мали поврзани змејови, во овој случај, дронови.Секој дрон има пар вентилатори кои се прилагодуваат во секоја насока.

Тимот научници сега работи на правење поголем дрон кој ќе има 12 модули и ќе може да се користи како летачка рака затоа што свата крајни дрона како пинцета ќе можат да собираат работи. Ваков вид дрон би можело да се користи во индустријата или во спасувачки мисии.

„Овој модел може да се движи на земја. Нашиот ултимативен сон е да направиме летечки хуманоид, како вооружениот Iron Man”, вели асистентот Моју Жао кој работел на овој изум.