Популарната апликација за преведување сега е побогата за пет нови јазици.

Новите јазици кои ги поддржува Google Translate се кинјаруанда, одија (Индија), тата, трукменистански и ујгурски.

Моментално, вкупниот број на јазици кои Google Translate ги подржува е изнесува 108. Меѓутоа тоа е се уште многу малку во однос на вкупниот број глобални јазици. Според податоците на сајтот  „Ethnologue.com“, во светот постојат околу 7.117 говорни јазици.

Потсетуваме дека минатата година инстант камерата на Google Translate апликацијата доби ново ажурирање со кое се додадени уште 60 јазици кои вклучуваат арапски, хинду, и виетанамски.

Со помош на оваа функција можете да ја насочите камерата кон текстот кој саката да го преведете и автоматски се појавува преведена верзија на вашиот уред.