Компанијата Twitter им соопшти на своите вработени од Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја да работат од дома за да спречат ширење на коронавирусот.

Од компанијата наведуваат дека силно ги охрабруваат нивните 5.000 вработени ширум светот да работат од дома, јавува BBC.

Шефицата за човечки ресурси на Twitter, Џенифер Кристи изјави дека целта на компанијата е да се намали можноста за ширење на коронавирусот, и за нив и за целиот свет.