Иако денот се продолжува и нè очекуваат посветли утра, можеме да почувствуваме несакани последици од промената на времето.

Подолгото траење на денот и посветлите утра што ќе не пречекуваат кога ќе се разбудиме, не се единствената последица од поместувањето на часовите и летното сметање на времето. Верувале или не тоа може лошо да се одрази на вашата кожа.

Часовникот се помести еден час нанапред, поради што спиевме еден час помалку. Дерматолозите предупредуваат дека оваа промена може лошо да влијае на вашата кожа и заради тоа мора да се преземат одредени мерки за заштита и превенција. Губењето на еден час спиење може да предизвика пореметување на внатрешниот часовник кој пак може да влијае на темпото на стареење на вашата кожа.

„Нашето тело е поврзано со нашиот внатрешен часовник на многу интересен начин . Дури и најмалите промени во овој часовник можат да влијаат на нашето здравје, особено на нашата кожа. Доаѓа до промена на навиките во спиењето, телесната температура, работата на срцето, крвниот притисок, количината на кислород и лачењето на хормони, а сè влијае на тоа како изгледа вашата кожа”, рече Кендис Браун, козметичарка која работи во една од водечките клиники во Англија.

Најзагрозени се оние кои имаат проблеми со акни и лишаи. Може да потрае два или три дена додека не се врати сè во нормала. Нашата кожа има сопствен часовник кој подразбира и време неопходно за таа да се обнови, а за тоа особено се битни попладневни и вечерни часови.

За да и помогнете на својата кожа, обрнете внимание секогаш да и ја давате неопходната нега. Правете редовен пилинг кој ќе ја чисти од мртвите клетки, а после тоа нанесете ноќен серум со цел да го спречите нејзиното оштетување.