Во голем број случаи, апликациите се дизајнирани со намера да ја овозможат својата главна функција. Меѓутоа, со текот на годините програмерите се трудат да додадат уште поголем број функции во апликациите. Иако понекогаш тоа е добра работа, се случува апликацијата да се преоптовари со несакани функции, со што се намалува и нејзината главна функционалност.

Facebook Messenger е пример каде со текот на годините апликацијата стана пренатрупана со нови функции, кои корисниците можеби не ги сакаат или не ги користат. Изгледа дека Facebook е свесен за ова, па компанијата објави ажурирана верзија на Messenger за iOS, кој е помалa кога е големината во прашање, а истовремено и побрзa.

Компанијата неодамна го најави Project LightSpeed, кој ќе ни овозможи поедноставен и редизајниран Messenger, а Facebook сега истакнува дека во рамките на овој проект, од темел ја редизајнирал iOS апликацијата. Во текот на следните неколку недели на корисниците ќе им биде достапна помала и поедноставна Messenger апликација за iOS.

Facebook истакнува дека Messenger ќе се вчитува двојно побрзо и ќе има четвртина од досегашната големина.