Apple веќе некое време работи на сопствен процесор, кој според најновите извештаи, би требало да биде лансиран во текот на првата половина на следната година. Преоѓањето на нови чипови би донело подобра интеграција со iPad и iPhone уредите, бидејќи на нив би можеле да работат истите апликации.
Се очекува дека Apple во следните 12 до 18 месеци ќе успее да завладее со 5 нанометарскиот процес на производство на процесори, како и дека компанијата ќе претстави iPhone 5G, iPad со mini LED дисплеј, како и Mac лаптоп заснован на соопствен процесор. Apple A14 Bionic би требало да биде доволно моќен да го замени шест-јадрениот мобилен процесор на Intel. За да стигне до таа цел, Apple направи неколку агресивни потези. Регрутираше ARM CPU дизајнер и направи посебен тим со задача што побрзо да ја направи оваа транзиција.
Преминот на сопствен процесор е една од најважните стратешки одлуки за Apple, кој ќе го ослободи од зависноста од другите компании. Сепак, од прва рака сфатија дека дури и една од највредните компании на пазарот не може туку така да развие сопствен процесор. Кога почнаа со неговиот развој во април, 2018. година, очекуваа дека оваа година веќе ќе биде довршен, а сега тоа се пролонгира барем за една година.
Поврзани артикли