Досега единствено што слушнавме за Samsung Galaxy Note10 Pro моделот е дека ќе биде објавен заедно со стандардниот Galaxy Note10. Најновите протечени информации ни даваат повеќе детали за смартфонот.

Наводна фотографија на батеријата се појави онлајн, покажувајќи 4500mAh модел, што е точно 500mAh повеќе отколку што имаше батеријата на Galaxy Note9 уредот. На батеријата е видлив бројот на моделот EB-BN975ABU, кој може да се поврзе со SM-N975 ознаката на моделот, кој му одговара на Galaxy Note10 Pro.

Иако засега ништо не е потврдено, би имало смисла доколку Samsung навистина ја искористи 4500mAh батерија, со оглед на тоа дека актуелниот Galaxy S10 5G модел користи батерија со ист капацитет. Ова би ги заштедело трошоците на производство и капацитетот на батеријата веројатно би бил доволен за напојување на Pro верзијата.