Стартапот Framework што создаде модуларен лаптоп, лесен за поправка, започна со претпродажба на својот прв производ. Лаптопот на Framework во моментов е достапен за нарачување во четири варијанти.

Кога прв пат го објави лаптопот, компанијата инсистираше на тоа дека нема да им наплаќа премиум на луѓето за набавка на нивните компјутери. И засега се чини дека останаа верни на својот збор, бидејќи основниот модел можете да го купите за „само“ 999 долари или верзијата „направи сам“ за 749 долари.

Моделите се разликуваат во процесорот, RAM меморијата и опциите за складирање. Основниот модел вреден 999 долари вклучува процесор Intel Core i5-1135G7, поврзан со 8GB RAM, 256GB SSD и Windows 10 Home. Моделот со помоќни перформанси и цена од 1.399 долари, го добива Core i7-1165G7 со 16GB DDR4 RAM меморија, 512GB SSD и Windows 10 Home. Професионалниот модел вреден 1.999 американски долари е на врвот на палетата, кој нуди Core i7-1185G7, 32GB RAM меморија, 1TB SSD и Windows 10 Pro. Ако ви дозволува вашиот буџет, можете да го надградите, со до 64 GB RAM меморија и 4TB SSD меморија.

Остатокот од листата со спецификации вклучува 13-инчен 3:2 екран, 2,256 x 1,504-инчен дисплеј и батерија од 55 Wh.  Лаптопот има 1080p веб-камера и 60fps со прекинувач за приватност на хардверот.

Во однос на еколошките перформанси, Framework користи најмалку 50 проценти рециклиран алуминиум во своето куќиште. Ниту модуларноста не влијаеше премногу на големината на телото, бидејќи лаптопот Framework е потенок и полесен од 13-инчниот MacBook Pro.

За повеќе авантуристички корисници, самото издание на Framework, по цена од 749 долари, ја нуди целата машина расклопена. Потоа можете да ги изберете компонентите што сакате да ги вклучите и да изберете оперативен систем што ќе биде претходно инсталиран или да си донесете свој.

Извор: B92.net