Истражувањето спроведено во 2014. година покажа дека речиси половина млади Американци прават и испраќаат голи фотографии и видео снимки, додека меѓу припадниците на генерацијата миленијалци, овој процент изнесува дури 89 одсто. Денес ситуацијата може да биде само полоша отколку пред шет години, па една јапонска компанија реши нешто да направи по тоа прашање.

Tone e20 е бренд на нискобуџетски јапонски телефони, кој чини околу 180 долари, но стана интересен поради единствената опција наречена Smartphone Protecton. Тоа е софтвер заснован на вештачка интелигенција, кој се врзува на камерата и блокира снимање на фотографии за кои проценува дека содржат голи тела. Доколку алгоритамот за процесирање фотографии се посомева дека на сликата постои голотија, нема да дозволи снимање на таа фотографија во галеријата. Покртај тоа, Tone e20 може да контактира некое друго лице, односно родителите можат да добијат информација доколку нивното дете проба да направи непристојна фотографија.

Оваа опција првенствено е осмислена за да се зашти јапонската младина од евентуалната експлоатација на нивните голи фотографии, поради кои подоцна би можеле да зажалат.