Бил Гејтс смета дека вештачката интелигенција и генетската терапија се двете технологии со најголем потенцијал да ги променат нашите животи.

Во говорот на конференцијата организирана од Американската асоцијација за напредна наука рече дека преку современтата технологија би можело да се стави крај на болести како ХИВ вирусот или други заболувања.

Според филантропот, технологијата ќе ги замени вакцините и ќе помогне за рано откривање на болестите поради брзата дијагностика.

„Има потенцијал да го подобри нашето здравје, како и да спречи генетски пореметувања и заболувања“, соопшти Гејтс на конференцијата.

Тој се надоврза исто така и за актуелниот коронавирус истакнувајќи дека со помош на овие две нови технологии би можело да се дијагностицира вирусот, да се направи третман како и да се најде поефикасен лек.