Фабриката за автомобили Ford дизајнираше „паметни“ нараквици (алки) кои би ги предупредувале работниците секогаш кога се наоѓаат на помалку од два метри едни од други, пренесува СееБиз.

„Паметните“ нараквици за работниците веќе се тестираат од страна на неколку доброволци во фабриката Ford во Плимут.

Нараквиците работат на принцип на препознавање на други нараквици, и кога се наоѓаат на растојание помало од два метра, тие вибрираат за корисниците да ги предупредат за несакано приближување.

.Овој уред е само една од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот што Ford би можел да го спроведе во своите погони кога ќе го започне производството на автомобили.

Оптимистичките прогнози велат дека тоа ќе се случи следниот месец, а дотогаш Форд ќе продолжи во неколку свои погоди да произведува медицински респиратори наместо делови за автомобили.