Компанијата TCL Comunications објави дека ќе престане со продажба на уреди под брендот Blackberry на 31.09.2020 година.

TLC во моментов ги поседува правата за производство и дистрибуција на Blackberry телефоните.

Порано многу популарниот бренд кој правеше мобилни уреди кои забележаа рекордна продажба и кој се стекна со голема популарност на пазарот на мобилни телефони, се чини дека дојде на крајот на својот пат во светот на мобилните телефони.

TCL потврди на Twitter дека веќе нема да ги продава Blackberry телефоните по 31.09.2020 година, а како причина навел непостоење на лиценца за нивно производство, дизајн и продажба.

Се разбира, TCL комуникации ќе продолжат да обезбедуваат софтверска поддршка, како и да обезбедуваат услуги за постојните уреди на корисниците на овие мобилни телефони.

Така, брендот кој е основан на 19.01.1999 година, и откако Microsoft неодамна одлучи да ја пензионира Windows 10 мобилната верзија, ќе го напушти мобилниот свет.

Ваков исход на ситуацијата доаѓа по неуспехот на TCL и Blackberry со неколку неодамнешни модели на мобилни уреди. Меѓутоа, овие уреди навистина понудија многу добри работи на своите корисници, но проблемот е во тоа што тие уреди не привлекоа толку внимание како што се очекуваше, и се забележани многу скромни продажби на овие мобилни телефони.