Има се повеќе протечени информации за претстојните премиум смартфони на Samsung, како што се приближуваме до нивната официјална објава, која ќе се случи на 11. февруари на настанот Unpacked во Сан Франциско.

Сега официјалниот германски сајт на Samsung случајно објави и потврди дека имкињата на претстојната премиум Galaxy S серија навистина ќе биде S20, а не S11. Официјалниот листинг на претстојната LED футрола S20 во меѓувреме е отстранет од веб-страницата, но не пред WinFuture да успее да креира скриншот како доказ.

Недолго потоа, романската дивизија на својот сајт објави страница за заштитна маска за Galaxy Z Flip, со што исто така е потврдено името на овој паметен телефон на преклоп. Страницата не открива ништо за самиот уред, но благодарение на претходните гласини, имаме добра слика за она што можеме да го очекуваме.