Под претпоставка дека Apple ќе остане доследен на истата формула како и во текот на претходните години, подоцна во текот на 2020. година се очекува компанијата да објави три нови iPhone модели. Сајтот Mac Otakara успеа да дојде до 3D испечатени прототипи на претстојните телефони.

Споменатата линија би требало да се состои од наследникот на iPhone 11 со LCD екран, како и наследниците на iPhone 11 Pro и 11 Pro Max, кои ќе имаат OLED дисплеи.

Се очекува годинашните iPhone уреди да доживеат редизајн, па наместо заоблени/закривени рабови на екранот се очекуваат рамни рабови на дисплејот.

Секако, не е можно да се потврди веродостојноста на овие прототипи, но би можеле да послужат за да стекнеме слика за она што може да се очекува од iPhone 2020 моделите.