Кинеската компанија Oppo, која е дел од BBK Electronics, го претстави најновиот предводник мобилен уред кој можеби ни сугерира што да очекуваме од идниот OnePlus 6. Потсетуваме дека OnePlus исто е под капата на оваа компанија и досега преземаше за своите производи дизајн од развоите на Oppo. Новиот паметен телефон се нарекува Oppo R15, но исто така има премиум издание со име R15 Dream Mirror Edition.

Двата уреди нудат дизајн со стаклен заден панел и метална рамка, 6.28-инчен OLED, со соодно 19:9 екран, со резолуција 1080 x 2280 пиксели и исечен горен дел, кој покрива 90% од предната страна, двојна главна камера, Android 8.1 со интерфејс ColorOS 5.0, препознавање на лицето и асистент со вештачка интелигенција. Oppo R15 се потпира на MediaTek Helio P60, 6GB RAM и 128GB вградена меморија.

Батеријата има капацитет од 3450 mAh и поддржува брзо полнење со VOOC технологијата. Откриваме уште двојна главна камера со 16МР (f / 1.7) и 5МР (f / 2.2) сензори, портретен режим со различни ефекти и вештачка интелигенција, а за селфи фотки има 20МР камера (f / 2.0). Уредот уште користи microUSB порта и ќе се нуди во црвена, бела и виолетова, а продажбата во Кина ќе започне на 1 април по цена од 2.999 јуани (384 евра).

За возврат, Oppo R15 Dream Mirror Edition се потпира на чипсет Snapdragon 660 и повторно нуди 6GB RAM и 128GB меморија, но капацитетот на батеријата е намален до 3400 mAh. Главната камера повторно вклучува 16MP сензор Sony IMX519, но тој е надополнет од втор 20MP (f / 1.7) сензор како во Oppo R11s и OnePlus 5T. Селфи камерата е иста.

Спротивно на тоа, R15 DME ќе биде достапен само во црвена и црна боја, а цената ќе се зголеми на 3.299 јуани (422 евра).