Големиот Unpacked настан на Samsung се приближува, а константно се појавуваат нови информации за претстојната Galaxy S20 серија паметни телефони, која ќе биде претставена на 11. февруари во Сан Франциско.

Новите протечени информации ни нудат повеќе детали за камерите, а се сугерира дека трите S20 смартфони ќе можат истовремено да креираат фотографии, односно да снимаат со своите главни, ултрашироки и телефото камери.

Според наводите на Max Weinbach од XDA Developers тимот, оваа функција ќе го носи името Quick Take и ќе овозможи да се влезе во апликацијата за галерии, откако ќе се креира тројна снимка и да се изберет саканата фотографија.

Тоа нема да биде прв пат да видиме функција од овој тип, бидејќи LG Triple Shot е присутен на V40 моделот уште од 2018. година. Исто така, iPhone корисниците добија слична функција преку екстерната апликација, наречена DoubleTake.