Иако за безжичното полнење се шушкаше уште кон крајот на 2019. година, овие тврдења станаа прилично доверливи дури сега, кога од кинеската компанија пристигна и официјално соопштение дека новиот модел во Pro верзијата ќе има безжично полнење.

Со оглед на тоа дека OnePlus неодамна стана член на Wireless Power Consortium, нивниот нов уред ќе работи на Qi стандардот кој го прокламира WPC.

Некои од компаниите, кои исто така се членови на оваа организација се и Apple, Samsung, Huawei, Google, Sony и LG, што значи дека OnePlus го повлекол вистинскиот потег.