Компанијата за социјални медиуми TikTok ја тужеше американската сојузна држава Монтана, првата што ја забрани апликацијата со закон.

Во тужбата се вели дека законот е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада може да пристапи до податоците на корисниците.

Тужбата на TikTok доаѓа веднаш по тужбата поднесена од пет други креатори на содржини кои ги делат истите аргументи дека државата Монтана нема јурисдикција да се занимава со прашањата за национална безбедност, пренесува Voice of America.

Двете тужби беа поднесени пред федералниот суд во Мисула.

„TikTok не ги сподели и нема да ги сподели податоците на американските корисници со кинеската влада и презеде мерки за заштита на приватноста и безбедноста на своите корисници, како што е чување на податоците на американските корисници во САД“, се вели во жалбата.

Кинеските закони бараат кинеските компании да споделуваат податоци со владата од која било причина што се чини дека е поврзана со националната безбедност. TikTok тврди дека ова никогаш не им се случило.