Доколку сте корисници на Avast или пак AVG антивирусот тогаш немаме баш убави вести за вас.

Според информациите на The Verge, популарниот антивирус софтвер ги следел сите негови корисници што прават.

Кога ќе го инсталирате антивирусот, тоа го правите за да го заштитите вашиот компјутер од напади и да ја сочувате вашата приватност, но Avast и AVG не „размислувале“ баш така.

Според истражувањата направени од Motherboard и PCMag, Avast кој е сопственик на AVG антивирусниот софтвер, следел што прават неговите корисници и редовно правел записи за тоа.

Во тие извештаи запишани се податоци за тоа што корисниците кликале и што посетувале, од страницата LinkedIn преку PornHub до Amazon и други сајтови.

Сите тие информации преку својата компанија Jumpshot ги продавале на некои други страници.

Од Avast по повод оваа ситуација изјавиле дека продадените податоци од корисниците не можеле да се филтрираат за секој корисник засебно иако експертите се скептични по повод оваа нивна изјава.

Според информациите на странските медиуми останува да се види дали Avast на некој начин добил одобрување од самите корисници на таквиот нивен пристап или пак компјутерот тоа го направил “на своја рака“.

Оваа ситуација е потсетник дека на интернет очигледно не смееме да му веруваме на никој па дури ниту на компаниите кои ги плаќаме за да нè заштитат и да нè сочуваат.