Оваа 2018 година треба да биде година за револуција за дијабетичарите. Во збирот технолошки иновации, оваа година се очекува на комерцијалниот пазар да се појават неколку хибридни системи во затворен циклус кои треба да им го олеснат животот на оние кои секојдневно се на инсулинска терапија.

Станува збор за т.н. вештачки панкреаси, кои всушност се хибриден затворен систем кој треба значително да го промени секојдневниот живот на дијабетичарите. Овие апаратчиња поставени на телото постојано ќе го контролираат нивото на шеќер во крвта на корисникот (на секои пет минути) и парцијално ќе го снабдуваат со инсулин. Досегашните тестови на апаратот се покажаа како многу успешни. Неколку светски компании веќе најавија дека оваа година ќе ги презентираат своите иновации пред потрошувачите, но засега нема точен термин на стартот на продажбата.