Корисниците на Windows 7 оперативниот систем, сепак, ќе добијат ново ажурирање, иако официјално престана поддршката.

Пропустот кој е направен со последното ажурирање „KB4534310 “ доведе до тоа одредени Windows 7 позадини (оние во Stretch мод) да бидат заменети со обична црна слика.

Едно од решенијата е просто да престане да се користи Stretch опцијата, но Microsoft рече дека проблемот ќе биде поправен за оние кои купиле „Windows 7 Extended Security Updates“.

Со други зборови, решението треба да биде достапно за оние кои плаќаат додатна поддршка.

Имаше и некои „теории на заговор“ според кои Microsoft на овој начин ги казнува сите оние кои не сакаат од Windows 7 да премимат на Windows 10, објави Tech Radar.

Во секој случај, Microsoft реши дека ажурирањето ќе го добијат сите корисници, а не само оние кои плаќаат дополнителен пакет за ажурирања.

Извор: B92.net