Windows 10 сè уште се соочува со многу проблеми, а крајот на Windows 7 значи дека милиони корисници, доколку веќе не се, наскоро ќе се префрлат на оваа верзија на оперативен систем, па и тие, како и старите корисници, мора да обрнат внимание на најновите предупредувања за ажурирање.
Се работи за тоа дека новото Windows 10 безбедносно ажурирање (KB4528760) е доста проблематично, така што прво создава проблеми со инсталацијата и ги известува корисниците за грешки до кои е дојдено во рамките на системот, но никаде не пишува за тоа што ги предизвикало компликациите.
Некои корисници го поврзаа проблемот со апликацијата Connect на Microsoft, која веќе некое време е „во пензија“, бидејќи грешката најмногу ги погоди оние кои ја имаат на своите уреди.
Microsoft сè уште не проговорил за проблемот, а на погодените корисници им се препорачува да го реинсталираат системот, што е прилично незгодно решение. Значи, милиони корисници на Windows 7, кои брзаат кон Windows 10 верзијата додека е бесплатна, може да ги пречека непријатно изненадување.
Извор: PC Press.rs