Со згаснувањето на апликацијата Vine во 2017 година, остана празнина која никогаш нема да е пополнета. Но обожавателите на оваа платформа може да здивнат, бидејќи апликацијата се „препороди“ во форма на Byte, платформа на која може да снимате видео од шест секунди. Апликацијата официјално е достапна од 25 јануари и веќе претставува конкуренција на популарната TikTok.

Byte е креирана од Дом Хофман, поранешниот креатор на Vine, која изгледа како редизајнирана и апдејтирана верзија на поранешната апликација, која им дава пристап на корисниците да споделуваат кратки видеа бескраjно. Засега, таа е поедноставна верзија од конкурентските апликации и нема опции за филтри, ефекти и случните функции кои ги нуди TikTok.

Наскоро Byte ќе понуди опција преку која нејзините корисници на полесен начин ќе може да заработат пари, нешто кое засега не е понудено од страна на TikTok и Instagram. Во изјава за „ТехКранч“, Хофман вели дека платформата наскоро ќе понуди опција за поделба на приходите, на истиот начин како што YouTube дозволува профилите да заработуваат од реклами.