Xiaomi Mi CC9 Pro веќе некое време се појавува во шпекулациите, а уредот, наводно, ќе пристигне со 30W брзо полнење. Друга информација сугерира дека телефонот ќе има главна камера од 108 MP, а ова сега е потврдено и преку постер на Xiaomi, кој ни открива дека Mi CC9 Pro доаѓа на 5 ноември.

Фотографијата открива и дека Mi CC9 Pro ќе има вкупно пет камери, поставени вертикално. Системот покажува два dual-LED блица, кои се лоцирани веднаш до сензорите на камериТе како и ознаката 5X Optical, што укажува на телефото камера.

Xiaomi својата CC линија телефони ја насочува кон креативците и љубопитните корисници, оние кои ја сакаат фотографијата. Овој вид на телефон ќе биде спосбен за креирање различни типови фотографии: широкоаголни панорами, 5x зумирани фотографии, импресивни темни снимки во темнина благодарение на Samsung ISOCELL Bright HMX сензорот, макро портрети и многу повеќе.

 

Во текот на настанот, кој ќе се одржи на 5. ноември, се очекува и објавата на новиот Xiaomi Mi TV и паметен часовник.