Во Huawei се фокусирани на развој на технологии кои автономните автомобили ќе ги направат значително поевтини
Huawei ја лансираше својата стратегија за производство на паметни автономни автомобили. Во Huawei велат дека со помош на 5G / LTE-V технологијата и развојот на C-ITS асистенција во возењето, како и интелигентна гласовна контрола, гледаат можност за производство на автомобил од нова генерација и на тој начин да станат голем конкурент на компании како Tesla.
„Нашата примарна цел е развој на технологија која овозможува возење без возач паралелно со понатамошно унапредување на ваквата технологија. Tesla во моментов создава вредност за сите. Ако Tesla го може тоа сега, сите можеме да се вклучиме во тоа“, вели претседателот на Huawei, Ксу Зијун.
За да им обезбеди на клиентите најдобро искуство во возењето, Huawei соработува со компании како SAIC и China Mobile, а смета дека со брзиот развој на технологијата, соработката ќе се прошири и на многу други сегашни автомобилски производители. Во Huawei при тоа се фокусирани и на развој на технологии што ќе ги направат автономните автомобили значително поевтини.
Автономната технологија за возење која ја развива Huawei, покрај можноста за поврзување со 5G / LTE-V мрежата, ќе ја вклучува и Cooperative Intelligent Transport Systems (C-ITS) функцијата, која се користи за споделување информации и координирање на дејствијата помеѓу возилата и останатата инфраструктура. Автомобил опремен со оваа технологија заедно со сите други напредни карактеристики, ќе може да препознае гласовни команди и да понуди можност за остварување на видео повици во живо.
На крајот информација дека покрај тоа што нуди цела низа на end-to-end решенија базирнаи на 5G технологија, од декември 2019 година до сега Huawei испорачал 6,9 милиони 5G паметни телефони.
Извор: Додај Гас