Во претстојните седмици два астероиди од класата Аполо ќе се приближат до Земјата, соопшти НАСА.

Првиот кој се очекува и е потенцијално поопасен доаѓа кон почетокот на мај. Астероидот 2009 XO се проценува дека е со големина на фудбалски терен и патува со брзина од 45.720 километри на час.

Неговата орбита се вкрстува со Земјината со движењето околу Сонцето на секои 926 дена. Овој пат покрај нашата планета би требало да мине на оддалеченост од околу 3,3 милиони километри, што според стандардите на НАСА се смета за блиска средба.

Доколку го „преживееме“, две недели подоцна ќе долета астероидот 136795 (1997 BQ) со големина на Бурџ Калифа, најголемата зградата во светот.

Станува збор за астероид од класата Аполо кој околу Сонцето орбитира на секои 844 дена. Патува со брзина од 40.048 километри на час, а на 21 мај се очекува дека ќе биде 6,2 милиони километри на оддалеченост од Земјата.

Извор: B92.net